Капитенот на калчолигашот Аталанта, Алехандро Папу Гомез на интересен начин им го опиша на сонародниците во Аргентина португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо.
Тој по мечот меѓу неговата Аталанта и Јувентус (заврши 2-2) дошол до Португалецот и го замолил ако може да се фотографира со неговиот син.
„Го прашав, дали може да се фотографира со мојот син Баутиј. Ви се колнам, Роналдо изгледа извештачено. Неверојатен е, како згодна кукла. Тој е како згодниот Кен, оној од `Барби` колекциите“ – вели Папу Гомез.
Роналдо сезонава постигна 30 гола во Серија А.