Top Sport

Капитенот на Црвена ѕвезда од северната трибина го предводел навивањето (Фото)

Капитенот на Црвена ѕвезда Вујадин Савиќ, синоќа, поради повреда го пропушти натпреварот против Пари Сен Жермен. Францускиот шампион победи на легендарната „Маракана“, сега стадион „Рајко Митиќ“, со 4:1 и го освои првото место во Ц-групата, во Лигата на шампионите.

Савиќ беше на стадионот, го следеше мечот, но не од ВИП делот, туку од северната трибина, дел што е резервиран за навивачката група „Делије“. Со шал во боите на клубот, тој во поголемиот дел од натпреварот го предводел навивањето.

Инаку, Савиќ е син на прославениот голгетер на Црвена ѕвезда, Душан Дуле Савиќ.

Савиќ има 27 години, тој е продукт на младинската школа на Црвена ѕвезда, а во сениорската конкуренција играч за Бордо, Динамо Дрезден, Арминија Билефелд и Шериф Тираспол, а во 2017 година се врати во матичниот клуб.

фото: mondo.rs

Scroll to Top