Top Sport

Ракитиќ ќе ја напушти Барселона?

Шпанските медиуми повторно шпекулираат дека Иван Ракитиќ кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен. Наводно хрватскиот репрезентативец се договорил да ја напушти Барселона за нешто помалку од 125 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Медиумите се повикуваат на информациите дека Ракитиќ ја продавал куќата во Барселона и дека неговите ќерки започнале да го учат францускиот јазик.

Ракитиќ се поврзуваше со ПСЖ и за време на летниот преоден рок. Тогаш шпанските медиуми тврдеа дека му била понудена плата од 10 милиони евра.

„Го слушнав гласот на моето срце и гласот на сопругата. Не постои клуб што може да ми понуди повеќе од Барселона. Тука не мислам само на парите“, рекол тогаш Ракитиќ.

Хрватот е член на Барселона од 2014 година, кога на „Камп Ноу“ пристигна од Севилја. Со клубот има освоено осум трофеи (еден во Лигата на шампионите, три во првенството и четири во Купот).

Scroll to Top