Top Sport

Само тројца се пред Грег Поповиќ

Победата на Сан Антонио Спарс над Феникс Санс е 1.211 во кариерата на тренерот Грег Поповиќ. Спарс го декласираа противникот со 111:86, а Поповиќ се искачи на четвртата позиција, на вечната листа, на која се тренерите со најмногу победи во НБА лигата.

Поповиќ на вечната листа го мина Пет Рајли, а пред него се тројца: Дон Нелсон (1.335), Лени Вилкинс (1.332) и Џери Слоун (1.221).

Пет пати со Сан Антонио, Поповиќ, ја освоил шампионската титула, а од страна на НБА три пати бил прогласуван за тренер на годината.

Во плеј-оф мечевите има забележано 167 победи и се наоѓа на третото место на вечната листа. Пред него се Фил Џексон и Пет Рајли.

Scroll to Top