Top Sport

Капитенот на Рен го засили Реал Сосиедад

Репрезентативецот на Мали, Хамари Траоре, по шест сезони го напушти Рен. Капитенот на Рен потпиша двегодишен договор со Реал Сосиедад.

„Нашиот капитен лета кон нови хоризонти по шест сезони во клубот, откако го освои Купот на Франција во 2019 година“, објави Рен.

Рен го ослободи Траоре за да му направи место на талентираниот Лоренцо Асињон, од друга страна локалните медиуми објавија дека условите од понудениот нов договор не ги исполниле очекувањата на играчот.

„Ова е тешка и комплицирана ситуација, бидејќи имаме искусен играч на многу добро ниво и млад играч со потенцијал кој сакаме да го искористиме“, изјави Флоријан Морис, спортскиот директор на Рен.

Траоре за францускиот тим одигра 239 натпревари, тој со Реал Сосиедад следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Scroll to Top