Top Sport

Модриќ ќе го напушти Реал

По Карим Бензема и Лука Модриќ би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Лука Модриќ (37) се уште не потпишал нов договор со Реал. Прашање е дали ќе остане во Мадрид и покрај то што тој неколку пати изјави дека сака кариерата да ја заврши во белиот дрес.

„Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид е неизвесна. Понудата за продолжување на соработката е на маса, но постојаниот интерес од Саудиска Арабија може да го промени неговото мислење“, изјави новинарот на Атлетик Гиљермо Раи.

Наводно, Модриќ бил подготвен да замине откако му станало јасно дека со доаѓањето на Џуд Белингем нема да има загарантирано место во првиот состав.

Пред две недели шпанските медиуми шпекулираа дека од Саудиска Арбабија добил понуда вредна 120 милиони евра за три сезони.

Интерес за Модриќ покажал Ал Ахли. Инаку овој клуб се обидува да го донесе и Серхио Рамос.

Scroll to Top