Капитенот на францускиот шестолигаш Пеј де Касел, Алексис Змијак, признава дека е пред голема дилема пред вечерашниот меч од Францускиот куп против Пари Сен-Жермен, бидејќи припаѓа на Ултрасите на францускиот гигнт.
34-годишниот електричар по професија, Змијак, ќе се судри против тимот чиј страствен навивач е и сега е во дилема колку да оди остро во дуелите со Килијан Мбапе пред клучната низа мечеви за „светците“.
„Ако Мбапе дојде пред голот, дали да стартувам или не? Дали ќе си кажам: ‘Чекај, ни треба за Баерн во Лигата наа шампиони’. Ние немаме што да загубиме, тоа е меч на нашите животи и за мене е необично да се најддам во ваква ситуација. Јас се приклучив на CUP (Collectif Ultras Parisiens) пред две години, бидејќи сакав да бидам меѓу ултрасите, кои живеат фудбал со страст. Кога ќе одам на ‘Паркот на принцовите’, тоа е меѓу нив“, вели Змијак за „Ле паризиен“.
🇫🇷😅 Interesting story in the Coupe de France match between PSG & 6th tier side, Pays de Cassel!
Their captain Alexis Zmijak is a PSG ultra: "If Mbappé goes on goal, do I tackle him or not? Do I say to myself: wait, he must play Bayern in the UCL soon?" (1/2) pic.twitter.com/J4AdZiDpnG
— EuroFoot (@eurofootcom) January 23, 2023