Top Sport

Капитенот на Вулвс се пресели на „Гудисон“

Капитенот на Вулверхемптон, Конор Коуди, му се приклучи на Евертон на позајмица до крајот на сезоната.

Како што пренесува „Скај“, 29-годишниот фудбалер го напушти Вулверхемптон по седум сезони, од кои четири како капитен, и се пресели во Евертон, кој има опција да го откупи договорот по истекот на позајмицата.

Тренерот на Вулверхемптон, Бруно Лаж, намерно го изостави Коуди од тимот во поразот од 2-1 против Лидс во саботата. Тоа беше прв пат од април 2017 година капитенот да не настапи за Вулверхемптон.

Коуди во текот на својата кариера играше за Ливерпул, Шефилд Јунајтед и Хадерсфилд.

За репрезентацијата на Англија одигра 10 натпревари и постигна гол.

Коуди доаѓа во вистинско време на „Гудисон“, бидејќи менаџерот Френк Лампард, по првиот меч во сезоната, на најмалку три месеци, остана без двајца стандардни играчи од одбраната.

Против Челси се повредија Бен Годрфи и Јери Мина. Според прогнозите тие ќе паузираат најмалку три месеци.

Scroll to Top