Top Sport

Јунајтед подготвиле 60 милиони евра за СМС

Манчестер јунајтед не ја започна добро ниту оваа сезона во Премиер лигата, челниците на „црвените ѓаволи“ ќе се обидат до крајот на преодниот рок да донесат неколку нови играчи.

Според медиумите веќе е договорен трансферот на Адријен Рабио од Јувентус, а следен е Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), за кого лето (како и изминатите години), се пишуваа дека ќе го напушти Лацио.

Според британски „Телеграф“, англискиот клуб би бил подготвен да плати 60.000.000 евра отштета, што веројатно би го задоволило Лацио, бидејќи СМС има уште една година од договорот.

СМС постигна 11 гола и забележа 12 асистенции за Лацио во неодамна завршената сезона на 47 одиграни натпревари.

Пред Лацио тој играше за Генк, Војводина и австриски ГАК како младинец.

Scroll to Top