Top Sport

Карантин во Ајакс поради коронавирусот

Тревога поради коронавирусот е подигната во фудбалскиот клуб Ајакс. Тројца членови на стручниот штаб биле испратени во домашен карантин.

Бидејќи биле во контакт со лице заразено со опасниот вирус во домашен карантин биле испратени помошниот тренер Кристијан Поулсен, кондициониот тренер Александар Шејнмејкер и еден неименуван физиотарапевт.

Поради претпазливост на тројцата им било препорачано до 13 март да останат во своите домови.

Портпаролот на Ајакс Миел Бринкуис рекол дека тројцата немаат симптоми на опасната болест. Биле испратени дома од претпазливост и со препорака редовно да ја проверуваат телесната температура.

Оваа вест доаѓа по информацијата дека позитивен на коронавирусот бил поранешниот дански репрезентативец Томас Каленберг. Тој бил позитивен на вирусот по враќањето од Амстердам.

Покрај него во карантин биле ставени уште 13 други лица со кои Каленберг заедно го следел натпреварот Брондби-Лингби.

Scroll to Top