Top Sport

Украински шахист пронајден мртов

Шампионот на Украина во шах, велемајсторот Станислав Богданович (27) и неговата девојка Александра Вернигора (18) биле пронајдени мртви во неговиот стан во Москва.

Руските медиуми пишуваат дека покрај нивните тела биле пронајдени топчиња со азот-оксид. Според се уште непотврдени информации велемајсторот и неговата девојка се отруле со гас за смеење.

Богданович, вице-првак на Европа за шахисти до 12 години и шампион на Украина до 18 години, неодамна се натпреварувал за репрезентацијата на Русија.

По тој настап Богданович добивал смртни закани на украинскиот портал „Миротоворец“. Овој портал објавувува податоци за ткн. „предавниците на татковината“.

Scroll to Top