Top Sport

Кардиф уште не е второлигаш! Клучна победа на гости кај Брајтон (видео)

Кардиф остана во „живот“ во борбата за опстанок во Премиер лигата, откако стигна до клучна 0:2 победа на гостувањето кај Брајтон, уште еден тим кој се бори грчевито да остане во најбогатата светска фудбалска лига.

Натаниел Мендез-Ленг во 22. минута и капитенот Шон Морисон во 50. минута ја застресоа мрежата на Албионот за прва победа по три порази во низа и шанса да останат во Премиер лигата.

Со овие три поени, единствениот велшки премиерлигаш останува на 18. место во зоната за испаѓање, но сега со 31 поен, само два помалку од 17-пласираниот Брајтон и пет помалку од 16-пласираниот Саутемптон. До крајот на лигата, Кардиф имаат четири натпревари, а Брајтон и Саутемптон пет.

Scroll to Top