Легендата на Наполи, Карека вели дека Мауро Икарди „може да оди во пеколот ако сака“, откако Аргентинецот јасно порача дека не сака да оди во клубот од југот на Италија, обидувајќи се да примора трансфер во Јувентус.
Денеска наводно завршува крајниот рок кој му го дадоа на Икарди од Наполи да ја прифати понудата и Карека вели дека Аргентинецот се „занесува“.
„Дали навистина уште го чекаме неговиот одговор? Ако не сака да дојде, нека оди во пеколот. Тој не сфати каков е овој клуб, што значи ’Сан Паоло’, какви се фановите на ’аѕурите’? Зарем не сфати дека постигнувањето на голови со овој дрес значи целиот свет? Ако не сака да дојде, тогаш подобро нека не го бараат. Да бев во Наполи немаше да трошам ниту една секунда на него“, изјави 58-годишниот Карека за весникот „Ил матино“.