Top Sport

Карим Бензема, сосема заслужено, е најдобриот фудбалер на светот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема, откако ја освои својата петта титула од Лигата на шампионите и беше најдобар стрелец во натпреварувањето со 15 гола, заслужено беше прогласен за најдобар фудбалер во изминатата сезона при ждрепката за Лигата на шампионите во Истанбул.

Бензема во најтесна конкуренција го победи својот соиграч од Реал, голманот Тибо Куртоа, како и ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне. Покрај успехот во Лигата на шампионите, Бензема постигна и 25 гола во Ла лига, носејќи им на Реал уште една титула, а со Франција, пак, стигна до трофејот од Лигата на нации.

По оваа награда, 34-годишниот Бензема, несомнено, е прв фаворит да ја освои и најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“.

Scroll to Top