Top Sport

Реакцијата на Оливер Кан кога на Баерн пак им се падна Барса е легендарна

Ретко кој би ги посакал Барселона во било која ждрепка, но реакцијата на легендарниот поранешен голман и генерален директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, како да покажува дека на Баварците им е „мило“ што повторно се во друштво со каталонскиот гигант.

Дали се работи за потсетување на легендарната 8:2 победа од 2020, или на двете лесни победи (3:0) минатата сезона во групната фаза, не е најјасно, но секако дека се работи за меч кој ќе предизвика огромно внимание, и во Баварија и во Каталонија.

Scroll to Top