Долгогодишниот фудбалер на Севилја Даниел Карисо кариерата ќе ја продолжи во Вухан.
Заменик капитенот на екипата од Андалузија потпишал договор со клубот од Кина, иако се уште не е познато кога тој ќе се пресели таму бидејќи градот е во изолација поради коронавирусот.
Поради опасниот вирус Кинезите го одложија почетокот на новата сезона, која требаше да започне наредната недела.
Карисо во 2013 година стана играч на Севилја. Клупските челници не сакаа да му го продолжат договорот кој му истекува во јуни оваа година.
Тој од економски причини решил да ја прифати понудата на Вухан.
Карисо веднаш ќе им се приклучи на новите соиграчи кои се наоѓаат на подготвки во Шпанија.
DONE DEAL: Daniel Carriço has joined Chinese Super League team Wuhan Zall FC from Sevilla.
Think someone needs to tell him about the Corona Virus.?? pic.twitter.com/AizH4Ce8IT
— PurelyFootball UK (@PurelyFootball) February 20, 2020