Лорис Кариус уште го обвинува Серхио Рамос за неговите „киксови“ во финалето на Лигата на шампионите во мај, и вели дека капитенот на Реал Мадрид не му се извинил.
Германскиот голман имаше неславна вечер во Киев, примајќи два смешни голови при 3:1 победата на Реал Мадрид, но потоа од Ливерпул тврдеа дека по еден контакт со Рамос, тој добил потрес на мозокот, кој бил причина за дезориентираноста.
Во интервју за „Билд“, Кариус, кој сега е позајмен фудбалер на Бешкиташ, зборуваше отворено за грешките и за судирот со Рамос.
„Никој нема навистина да ја дознае врската помеѓу ударот и грешките кои подоцна ги направив. Тоа не е изговор, туку е објаснување. Не знам дали Серхио Рамос намерно ме повреди. Само тој го знае тоа, но тоа не е важно. Меѓутоа, тој никогаш не ми се извини. Тестовите покажаа дека имав визуелна пореметеност и тешко е да се замисли дека при нормални услови ќе направев исти грешки“, вели Кариус.
Рамос се потсмева со Кариус и Салах: Што е следно, Фирмино беше настинат?