Top Sport

Кариус ужива со девојката Дилета Леота пред најважниот меч на Њукасл

Лорис Кариус ужива на кафе во Милано во друштво на својата преубава девојка Дилета Леота само неколку дена пред да го направи невообичаениот камбек во англискиот фудбал за неговиот нов тим Њукасл во финалето на Карабао купот против Манчестер јунајтед.

Германскиот голман, кој останува најпознат по кошмарната вечер во Киев, кога прими смешни голови за Ливерпул да го загуби финалето на Лигата на шампиони од Реал Мадрид во 2018 година, е пред сензационален камбек за Њукасл, во нивниот најголем меч во последните 24 години.

Бидејќи првиот голман Ник Поуп е суспендиран по црвениот картон против Ливерпул, а неговата замена Мартин Дубравка не смее да игра бидејќи беше позајмен во Манчестер јунајтед, а третиот голман Карл Дарлоу е пратен на позајмица, на менаџерот Еди Хау му остануваат две опции – Краиус и 30-годишниот Марк Гилеспи.

Во меѓувреме, од притисокот, Кариус се одмар во Милано во друштво на неговата девојка, славната италијанска ТВ-презентерка, Леота.

Scroll to Top