Новиот голман на Бешикташ, Лорис Кариус вели дека му е убаво што има голем број на женски навивачи во Турција, многу повеќе отколку во Англија кога играше за Ливерпул.
Кариус, кој најверојатно секогаш ќе остане познат по финалето на ЛШ против Реал Мадрид и двете грешки по кои Реал победи со 3:1, е на двегодишна позајмица на Босфорот откако Ливерепул го купи Алисон Бекер.
„Навистина го сакам Босфорот, и сакам да живеам со место со ваков поглед на морето. Во Англија немав толку многу фанови, а тука забележувам дека повеќето се девојки. Кога сум во Истанбул, сите ме препознаваат и сакаат да се фотографираат со мене“, вели Кариус во интервју за „Фанатик“.
Тој дебитираше за Бешикташ при 1:1 ремито со Бурсаспор, а се очекува да биде стартер на саботниот меч против Малатијаспор.
Во секое лошо и по некое добро! Кариус стана „секс симбол“ на Интернет (галерија)