„Владеењето“ на Хулен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид беше кратко и „неславно“, но тоа не му пречи на Дани Карвахал да верува дека Баскиецот е тренер од врвна класа, оценувајќи го како најдобар тактичар со кого работел.
„За мене, тој е најдобриот тренер кој сум го имал. За жал, му недостасуваше малку среќа за да продолжи со нас. Јас ја делев неговата визија и неговиот начин на гледање на фудбалот и однесувањето со фудбалерите. Го велев тоа и пред да дојде во Реал Мадрид и ќе продолжам да го велам и понатаму. Додека не дојде некој тренер кој ги прави работите подобро од него“, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид.
Иронично, Карвахал имаше само осум меча под Лопетеги во Реал Мадрид, бидејќи пропушти неколку натпревари поради повреда.