Top Sport

Карвахал по дебаклот против ЦСКА: Не заслужувате да го носите овој дрес

Реал Мадрид, тимот што доминира во Лигата на шампионите во изминатите гри години, синоќа го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен во ова натпреварување. ЦСКА Москва го прегази Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:0.

Тренерот на Реал, Сантијаго Солари, експериментираше со составот, на теренот испрати многу млади играчи (Валјехо, Винисисус, Љоренте, Валверде) и погреши. Во играта на „кралскиот клуб“ немаше баланс помеѓу одбраната и средниот ред, што резултираше со убедлив пораз.

Дани Карвахал, еден од најискусните во тимот, во игра влезе во вториот дел на местото на Марсело, кога и ја презеде капитенската лента. Десниот бек, кој против ЦСКА играше по левата страна, по натпреварот жестокот ги критикуваше младите фудбалери.

„Пред три недели зборувавме дека младите играчи што пораснале во Реал можат без проблем да играат во првиот тим, но овој натпревар покажа дека тие не заслужуваат место во првиот тим на Реал. Фрустрирани сме поради овој пораз на домашен терен, сепак завршивме на првото место во групата, тоа е најважно во вој момент“, рекол Карвахал.

Scroll to Top