Top Sport

Потегот на Роналдо го чинеше Јуве пораз од Јанг Бојс (Видео)

Јанг Бојс забележаа сензационална победа над Јувентус (2:1), во последното коло, во Х-групата во Лигата на шампионите. Киксот на Јувентус не го искористи Манчестер Јунајтед, поради што италијанскиот првак го освои првото место во групата, а од друга страна Јанг Бојс чесно ја завршија својата деби сезона во Лигата на шампионите.

Медиумите, ден по натпреварот одигран на вештачката трева во Берн, како виновник за поразот на Јувентус го посочуваат Кристијано Роналдо. Португалецот, три пати промаши од изгледни позиции при резултат 0:0, а во 93.минута несмасно реагираше, кога Дибала постигна гол за 2:2, но истиот беше оправдано поништен.

foto: epa

Дибала упати удар од 20 метри и додека топката патуваше кон голот Роналдо беше во офсајд, му попречи на домашниот голман, а и играше со топката.

Scroll to Top