Португалскиот репрезентативец Вилијам Карваљо ќе го напушти Бетис во летниот преоден рок и ќе се пресели во Премиерлигата, објави „Марка“. Според овој извор 28 годишниот Карваљо постигнал договор со Лестер. За да биде комплетиран трансферот ќе Лестер ќе треба да го плати обесштетувањето за кое се водат преговори помеѓу клубовите.
Карваљо и претходно се наоѓаше на мета на клубовите од Премиерлигата, меѓутоа во 2018 година тој реши да се пресели во Бетис. Оваа сезона речиси и да не игра поради честите повреди.
За Бетис има одиграно 52 натпревари.
Инаку Бетис за него платија 16 милиони евра, а според „трансфермаркт“ толкава е неговата цена во моментов.