Кристијано Роналдо се соочува со парична казна од милион фунти откако даде интервју без дозвола од клубот, во кое остро го критикува Манчестер Јунајтед и менаџерот Ерик Тен Хаг. Роналдо ја обвини управата на клубот дека го изневерила и се обидува да го избрка од „Олд Трафорд“ и дека не го почитува холандскиот стручњак затоа што ниту тој немал респект кон него.
За сето ова свој коментар имаше и легендарниот Антонио Касано.
„Роналдо нема храброст да признае дека повеќе не е истиот играч како во последните три години. Оваа година мораше да оди во Спортинг и да се збогува по Светското првенство. Тој е проблем за тренерите, го доведува своите соиграчи во неволја. Не му се ни телефонираше на Бензема да му честита за освојувањето на Златната топка“, изјави Касано.
Потоа „удри“ и уште пожестоко.
„Тој е слеп и мисли дека може да игра до 50 години. Драг Роналдо, ќе ти кажам едно. Заврши ја кариерата по Светското првенство. Тој мисли дека може да игра на високо ниво. Има страшно его, но не е како Меси кој може да игра со неколку големи играчи и повторно да се истакне. Роналдо едноставно не може повеќе. Потврди дека секогаш се става себеси и својата себичност на прво место“, истакна Антонио Касано.