Top Sport

Данска ја победи Норвешка и во полуфиналето на ЕП ќе игра против Црна Гора

Данска успеа да ја победи Норвешка со 31:29 и си закажа полуфинална пресметка против Црна Гора на Европското првенство во ракомет. На крајот, ракометарките на Данска го освоија првото место во групата и ќе вкрстат против Црногорките.

Хансен со шест гола беше најефикасна во селекцијата на Данска, а Нора Мерк постигна осум за Норвешка.

Норвешка ќе мора да игра со селекцијата на Франција која вечерва оствари уште една убедлива победа, совладувајќи ја Шпанија со 36:23.

Валентини со шест гола беше најефикасна во редовите на Франција.

За петто место на ЕП ќе се борат селекциите на Холандија и на Шпанија.

Scroll to Top