Top Sport

Касано: Во Реал, Перез е папа, крал и кардинал!

Антонио Касано, човекот кој помина две сезони на „Сантијаго Бернабеу“, вели дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има неверојатна контрола на клубот, во кој е „папа, крал и кардинал“.

Перез, кој го отслужува вториот мандат на претседателското место, стана познат по неговиот пристап на „галактикос“ засилувања – најдобрите фудбалери мора да завршат во Мадрид. Тој во текот на годините ги донесе Луис Фиго, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан во својот клуб и титулите се освојуваа редовно, во Ла лига и во Лигата на шампионите.

Касано имаше шанса да работи со 73-годишниот Перез од 2006 до 2008 и вели дека никаде на друго место нема таква ситуација.

„Бев во Реал Мадрид и тоа е сосема поинаку од било кое друго место на светот. Таму Флорентино Перез е папа, крал и кардинал. Ако тој одлучи да ти даде едногодишен договор, а друг тим ти нуди тригодишен, тој ќе одлучи дали ти ќе останеш. Видете, Лука Модриќ ќе заминеше, но на крајот остана и освои Златна топка. Истото беше и со Канаваро. Златан Ибрахимовиќ пред некое време кажа шега, но таа е вистинита – Златната топка секогаш ја освојува Флорентино Перез“, вели Касано.

Scroll to Top