Top Sport

Касемиро ја следел катастрофата на Јунајтед и им порачал: Кажете им дека јас ќе го средам ова!

Касемиро му порачал на својот агент да им пренесе на Манчестер јунајтед дека тој „ќе го поправи ова“ откако го следел катастрофалниот 4:0 пораз од Брентфорд неколку дена пред да го комплетира трансферот од Реал Мадрид.

Јунајтед загубија дома од Брајтон во првиот меч од сезоната, за следниот викенд да имаат катастрофален дефанзивен настап против Брентфорд, но ова не го разочарало Касемиро, туку само го мотивирало да им порача дека може да ја поправи ситуацијата, ври „Дејли телеграф“. По трансферот од 60 милиони фунти, Бразилецот стана еден од столбовите на играта на тимот на Тен Хаг, и според изворите на „Телеграф“, никогаш во кариерата не се чувствувал „толку удобно и среќно“ како во Јунајтед.

Вистинскиот тест на „ѓаволите“ и нивниот прогрес доаѓа следните два викенди – утре во градското дерби против Манчестер сити и следниот викенд на гости кај лидерите Арсенал. Покрај тоа, Јунајтед се во полуфиналето на Карабао купот, четвртото коло на ФА купот и ќе се судрат со добриот познаник на Касемиро, Барселона во плејофот во Лига Европа следниот месец.

Scroll to Top