Top Sport

Роналдо на гости на тренинг на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо имаше посета на својот поранешен клуб Реал Мадрид на нивниот тренинг во Саудиска Арабија пред големото финале од Суперкупот на Шпанија против Барселона.

Секако, Португалецот веќе е во кралството по потпишувањето на богатиот договор со Ал-Наср, така што не му беше тешко да „наврати“ на разговор со своите поранешни соиграчи. Роналдо помина девет блескави сезони во Реал Мадрид, период во кој освои четири „Златни топки“. Врската се покажа и кога Роналдо по елиминацијата на Португалија од Мундијалот во Катар, тогаш без клуб, тренираше во Валдебабас центарот на Реал Мадрид во шпанската престолнина.

Scroll to Top