Top Sport

Касиљас доби место во стручниот штаб на Порто

Прославениот шпански голман Икер Касиљас, кој пред два месеци преживеа срцев удар, нема во целост да го напушти фудбалот бидејќи официјално стана член на стручниот штаб на Порто. Касиљас дресот на португалскиот великан го носеше од 2015 година.

Порто во своето соопштение потврди дека Касиљас ќе остане во клубот и дека во иднина тој ќе биде врската помеѓу играчите, тренерите и клупските челници.

„Кога се случи тоа што се случи разговарав со тренерот и тој ми кажа дека сака да останам со тимот, да бидам блиску до играчите, посебно до помладите. Ќе работам нешто поинакво од она што го работев досега, ќе се обидам да направам цврсти врски помеѓу играчите и клубот. Мислам дека можеме да имаме одлична сезона“, рекол 38 годишниот голман.

Касиљас 156 пати го бранел голот на Порто, претходно целата кариера ја мина во Реал Мадрид. За 16 години за „кралскиот клуб“ настапил на 725 натпревари.

Scroll to Top