Top Sport

Касилјас на страна на Хрватите околу пеналот

Легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Икер Касилјас, се согласува со Лука Модриќ и со хрватските репрезентативци, кои ја критикуваа одлуката на италијанскиот судија Даниеле Орсато да досуди пенал со кој Аргентина стигна до 1:0 водство и потоа до 3:0 победа.

Според Хрватите, текот на мечот се смени во 34. минута кога Хулијан Алварез се судри со голманот Доминик Ливаковиќ, и беше досуден пенал, кој Лео Меси сигурно го реализираше.

„Алварез го фаулираше Ливаковиќ, а не обратно“, вели Касилјас за шпанската телевизиј.

Претходно, хрватскиот капитен Модриќ „удри“ по Орсато.

„Аргентина победи фер, беа подобри, заслужија да стигнат до победа, но мора да се спомене, иако обично не го правам тоа. Не сакам да зборувам за судиите, но овој беше еден од најлошите. Немам добри сеќавања на Орсато, тој е катастрофа. И покрај ова, не сакам да фрлам сенка на победата на Аргентина. Пеналот не уби. Мораме да се опоравиме и да одиме по тоа трето место“, изјави Модриќ.

Scroll to Top