Легендата на Реал Мадрид, Икер Касилјас признава дека немал најдобри односи со Жозе Мурињо кога тој беше прв човек на „Сантијаго Бернабеу“, но додава дека не го памети по лошо Португалецот.
Касилјас, кој израсна во прв голман на Реал Мадрид преку академијата на клубот, беше приморан да замине од Мурињо во 2015 година, прекинувајќи ја 25-годишната врска со „кралевите“. Мурињо го почна владеењето со ставање на Касилјас, човекот со 725 настапи на Реал на клупата, и Касилјас беше гласен во несогласувањата со тактиката. Сега, 39-годишниот Касилјас на промоција во Мексико зборуваше за проблемите кои ги имал со Мурињо, но и со Висенте дел Боске.
„Двете ситуации беа целосно различни. Едната беше оправдана од фудбалски поглед, а другата беше нешто на лична основа. Со Дел Боске се согласував добро година и пол пред да имам несогласувања, но тоа беше нормално помеѓу капитен и тренер. Не значи дека си поважен од тренерот, туку дека ќе имаш несогласувања. Со Жозе Мурињо, едноставно не бевме на иста бранова должина и веднаш дојдоа несогласувања. Сега имам добри односи и со него, и се сретнавме неколку пати оттогаш. Нема паметење на злото, бидејќи двајцата го сакавме максимумот за тимот. Решив дека не сакам да имам никакви односи со него бидејќи не се допаѓаа работите кои ги гледав и тој избра друг голман. Тоа искуство ме направи позрел на 33 години. Не би сменил ништо, бидејќи не верувам дека направив грешка“, изјави Касилјас.