Икер Касилјас имал намера да поднесе кандидатура за претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, пренесува „ЕСПН“.
Повикувајќи се на свои извори „ЕСПН“ објави дека Касилјас за своите намери веќе ги известил членовите на својот тим. Претседателските избори во Фудбалскиот сојуз на Шпанија треба да се одржат на есен.
Ова значи дека легендарниот голман ќе му биде против кандидат на актуелниот претседател Луис Рубијалес.
Инаку, Касилјас се уште официјално не ја завршил кариерата. Тој се уште е член на Порто.
За потсетување тој не брани од мај минатата година кога доживеа инфаркт.