Икер Касилјас најави дека се вратил на тренинзи првпат по срцевиот напад на 1 мај оваа година, откако објави фотографија од своите копачки на Твитер со порака: „Шест месеци и три дена откако бевте ставени на пауза“.
Се очекуваше 38-годишниот легендарен голман да замине во пензија, но тој постојано ги отфрлаше овие шпекулации, а бидејќи на копачките на фотографијата имаше трева, се верува дека тој се вратил на тренинзите на Порто.
Касилјас колабираше на тренинг во Порто на 1 мај, по што помина пет дена во болница, но очигледно тоа не е доволно да го спречи да се врати на спортот кој го сака.
6 meses y 3 días que estabais en la taquilla… ✌️ pic.twitter.com/nDtjxfm1lq
— Iker Casillas (@IkerCasillas) November 4, 2019