Иако многумина ставија крај на неговата кариера предвреме, Икер Касилјас се појави на првиот ден тренинзи на Порто во понеделникот, точно два месеци откако доживеа срцев удар на тренинзи на својот клуб.
Иднината на 38-годишниот легендарен шпански голман е неизвесна, но тој на Твитер се пофали со кратка порака: „Назад на работа. Прв ден“.
Фудбалерите на Порто вообичаено одат на рутински медицински тестови пред стартот на тренинзите, и иако не е јасно дали Касилјас ќе продолжи со кариерата, тој минатиот месец ги демантираше шпекулациите дека веќе се пензионирал и преземал улога во бордот на директори на португалскиот клуб.
Vuelta al trabajo. Primer día. ? @FCPorto pic.twitter.com/7NkmLRTfwz
— Iker Casillas (@IkerCasillas) July 1, 2019