Top Sport

Осака „излета“ во првото коло, крај и за Зверев и Вондроушова

Двократната гренд слем шампионка и светска тенисерка број 2, Наоми Осака загуби во првото коло на Вимблдон со 7:6(4)/6:2 од Казахстанката Јулија Путинцева продолжувајќи ја лошата форма.

Јапонката, која стигна до титулите на САД опен и на Австралија опен, направи низа неизнудени грешки против Путинцева, за која ова е втора победа над Осака на трева, по победата на Бирмингем опен. По тесниот прв сет и победата во тај-брејкот, Путинцева направи два брејка во вториот сет за да го комплетира триумфот по час и 36 минути игра.

Незгоден пораз во првото коло доживеа и Германецот Александер Зверев, кој иако го освои првиот сет против Чехот Јиржи Весели, на крајот загуби со 4:6/6:3/6:2/7:5 по 2 часа и 34 минути игра.

Во аут е и финалистката од Ролан Гарос, Чехинката Маркета Вондроушова, откако со 6:4/6:4 загуби од Американката Медисон Бренгл. Само неколку дена откако наполни 20 години, левучарката се мачеше со играта на противничката и трета година едноподруго не успева да го помине првото коло.

Scroll to Top