Најдобриот стрелец во Хрватската лига, 19-годишниот Љирим Кастрати ја одби понудата да игра за хрватската репрезентација и одлучи да игра за Косово.
Кастрати, кој постигна седум голови досега во Хрватската лига, веќе имаше играно за младинските репрезентации на Албанија (У-17) и Косово (У-19, У-21), но ова лето изјави дека би сакал да игра за светските вице-шампиони Хрватска.
„Ме повикуваа луѓето од двата сојузи, разговаравме и добив понуди. Мојата желба е да играм за Хрватска, која е посилна од Косово и Албанија“, изјави тогаш Кастрати за „Спортске новости“.
Меѓутоа, понудата од Косово не се одбива и тој ќе биде во составот аз мечевите од Лигата на нации против Малта и Фарските Острови.