Организаторите на Светското првенство во Катар се договорија зо ФИФА на Мундијалот на фудбалските навивачи да им биде дозволено купување на пиво со алкохол на стадионите и во зоната за навивачи.
ФИФА потврди дека навивачите ќе може да купваат пиво „Бадвајзер“ на осумте стадиони пред и по мечевите и во вечерните собирања на „Фан фестивалите“ во Доха. Од февруари 2021 година на продажба беа „ВИП билети“ кои ветуваат пристап до шампањско, вино и пиво.
Првенството во Катар е прво на Блискиот Исток во земја со мнозинска муслиманска популација, и во земјата вообичаено не е дозволена продажба на алкохолни пијалоци, освен во хотелски ресторани и барови со посебни лиценци.
СП во Катар се оддржува од 20 ноември и се очекува да присуствуваат над милион гости.