Top Sport

Блатер: Иран треба да биде исклучен од СП во Катар

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, е на мислење дека Светската фудбалска организација треба да ги поддржи протестите во Иран со суспензија на репрезентацијата на оваа земја од претстојното Светско првенство во Катар. Тој беше цитиран од швајцарскиот дневен весник „Блик“.

„Иран треба да биде исклучен од Светското првенство“, изјави Блатер, додавајќи дека доколку тој се уште беше претседател на ФИФА, ќе имаше страшни последици за земјата во однос на нејзиното учество на меѓународните фудбалски турнири.

Смртта на младата Махса Амини, кој беше уапсена поради неправилно носење хиџаб, предизвика масовни протести, демонстрации, па дури и граѓанска непослушност. Властите во Иран тврдат дека немирите биле поттикнати од странски непријатели.

Блатер вели дека е шокиран од нереагирањето на актуелниот шеф на ФИФА, Џани Инфантино.

Scroll to Top