Top Sport

Браќата Вилијамс во Катар ќе играат за различни репрезентации

Браќата Вилијамс, фудбалери на Атлетик Билбао, на Светското првенство ќе настапуваат за две различни репрезентации. Постариот брат Инаки ќе игра за Гана во Катар, додека Нико ќе игра за Шпанија.

Инаки Вилијамс, летово реши да игра за Гана, земја од која потекнуваат неговите родители, иако играше за „Црвената фурија“ во јуниорските категории.

Од друга страна, Нико доби покана од Луис Енрике, што беше големо изненадување, а тој во интервју за „Марка“, откри дека по тренингот дознал дека добил покана за Светското првенство.

„Го завршив тренингот и дознав дека добив покана. Воопшто не го очекував тоа, затоа не го ни следев пресот. Многу сум среќен и сигурно ќе дадам се од себе за Шпанија, секогаш кога селекторот ќе ми даде можност“, изјави Нико, додека Инаки очекуваше дека ќе биде поканет.

„После тренингот ги видов членовите на стручниот штаб како се смеат и ми рекоа дека добив покана. Се изненадивме кога слушнавме дека и Нико оди во Катар. Го прегрнав бидејќи сум среќен и горд на него. Не можевме да замислиме дека и двајцата еден ден ќе одиме на Светско првенство, а особено дека ќе играме за различни репрезентации“, призна Инаки.

Нивните родители биле многу горди кога дознале дека и двајцата одат на Мундијалот, но се чини дека знаат за кого повеќе ќе навиваат.

„Нико веќе знае за кого ќе навиваат ха ха. Секогаш се со постариот, а се и од Гана, па логично е повеќе да ме поддржуваат“, низ смеа изјави постариот од браќата Вилијамс.

Гана е во група со Португалија, Уругвај и Јужна Кореја, а Шпанија ќе игра против Германија, Костарика и Јапонија. Постои можност браќата Вилијамс да играат еден против друг во четвртфиналето на Светското првенство.

Само еднаш се случи брат да игра против брат на Светското првенство, а тоа беше во 2010 година во Јужна Африка кога Џером и Кевин-Принс Боатенг играа еден против друг. Џером играше за Германија, а Кевин-Принс за Гана.

Scroll to Top