Top Sport

Чичарито поради гревовите од минатото нема да игра на СП

Хавиер Чичарито Ернадез, најдобриот стрелец на репрезентацијата на Мексико, поради гревовите од минатото нема да настапи на Светското првенство во Катар.

Мексиканските медиуми, пред почетокот на Мундијалот, пишуваат за скандалот што се случил десет дена пред почетокот на Светското првенство во Русија во 2018 година. Неколку репрезентативци организирале оргии со проститутки. Тогаш Фудбалскиот сојуз на Мексико успеаја некако да го прикријат скандалот, не ги открија имињата на фудбалерите. Четири години подоцна мексиканските медиуми излегоа со името на главниот виновник.

Станува збор за легендата на репрезентацијата Хавиер Ернандез Чичарито, поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Чичарито по Светското првенство во Русија одигра само три натпревари за репрезентацијата. Иако постоеше основано сомневање дека тоа е доказ дека тој стои зад оргиите, приказната се потврди дури деновиве.

Новинарот Хозе Рамон Фернандез за политичкиот дневен весник „Процесо“ откри зошто Чичарито, кој моментално настапува за Лос Анџелес Галакси, нема да биде во Катар.

„Тато Мартино ни призна дека Чичарито ангажирал две проститутки за себе за време на патувањето во Њујорк и Сан Антонио. Сите го одбиле затоа што не сакаа да прават компромиси, особено затоа што многу од нив се во брак. Беа обвинети за учество во оргии и жените после тоа беснееја на нив. Чичарито не побара навреме прошка, туку негираше дека го направил тоа“, откри Фернандез.

Во истото интервју Фернандез откри дека лицето од Фудбалскиот сојуз на Мексико, кое му помогнало на фудбалерот да ги ангажира проститутките веднаш добило отказ. Според новинарот, денес тоа лице работи во ФИФА и е далеку од мексиканскиот фудбал.

Scroll to Top