Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп изјави дека е горд на победата против Мароко од 2:0 и дека пласманот во финалето на Светското првенство е награда за напорната работа на неговите играчи.
„Има емоции, гордост. Очигледно дека беше тежок меч, но стигнавме до крајот и нѐ очекува ново финале. Заедно сме еден месец, никогаш не е лесно, но досега беше задоволство и моите играчи беа наградени за напорната работа“, изјави Дешамп по триумфот.
Актуелниот светски првак Франција се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар, откако во полуфиналето го совлада Мароко со 2:0. Во финалната пресметка ќе ја брани титулата против Аргентина.