Охрабрувачки вест доби селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт.
Имено, фудбалерите на Манчестер сити, Кајл Вокер и Калвин Филипс, како и фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, најверојатно ќе бидат подготвени за претстојниот Мундијал.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека Вокер и Филипс треба да бидат подготвени за Светското првенство во Катар. Што се однесува до Сака, тој се повреди минатиот викенд против Нотингем Форест.
Неговиот клуб соопшти дека повредата не е од сериозна и додаде дека Сака ќе биде подготвен за Светското првенство.
Селекторот на Англија Герет Саутгејт следната недела ќе го објави конечниот список на играчи за Светското првенство во Катар.