Top Sport

Еквадорците пееја: Сакаме пиво

Еквадор со победа над домаќинот Катар го започна своето учество на Светското првенство.Еквадорците предводени од капитенот Валенсија, рутински славеа во дуелот со Катар.

На стадионот неколку илјади Еквадорци го прославија триумфот. Во еден момент Еквадорците, очигледно прилично жедни, на шпански ја пееја „Сакаме пиво“. За среќа, мештаните не ги разбраа. Прашање е дали воопшто би им било важно што сакаат противничките навивачи.

Два дена пред почетокот на СП, Катар забрани продажба на алкохол на стадионите и во нивна близина. „Бадвајзер“, официјалниот спонзор на ФИФА најави дека ќе поднесе тужба против светската куќа на фудбалот. Во оваа компанија процениле дека поради одлуката на катарските власти ќе загубат 40.000.000 долари.

 

Scroll to Top