Top Sport

Групата Г е најтешка во Катар и шеста најтешка во историјата на СП

Најтешка и најнеизвесна група на Мундијалот во Катар што почнува следната недела е групата Г во која се Бразил, Швајцарија, Србија и Камерун. Вака оценува „ЕЛО Ранкинг“.

„ЕЛО ранкинг“ има развиен систем на евалуација на репрезентациите врз основ на низа критериуми: разликата со која е остварена победата, важноста на натпреварот, предноста на домашниот терен… Официјалното рангирање на ФИФА се базира на изменета верзија на формулата ЕЛО.

„ЕЛО Ранкинг“,ги споредува и оценува најтешките групи на Светското првенство од 1970 година. Тогаш за најтешка била прогласена групата во која беа Англија, Бразил, Чехословачка и Романија. Таа група до ден денес остана најтешка, а истиот извор наведува дека споменатата група Г на овогодинешното СП е шеста на листата на најтешки групи во историјата на Светските првенства.

Најтешките групи на СП 2022 според ЕЛО:

Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун 1901 бод

Група Е: Шпанија, Германија, Јапонија, Костарика 1885

Група Ф: Белгија, Хрватска, Канада, Мароко 1868

Група Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија 1849

Група Д: Франција, Данска, Австралија, Тунис 1846

Група Б: Англија, Иран, САД, Велс 1831

Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана 1816

Група А: Холандија, Еквадор, Сенегал, Катар 1808 г

Scroll to Top