Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе поради повреда нема да игра на Светското првенство. Од Фудбалскиот сојуз на Франција соопштија дека Кимпембе не се рехабилитирал од повредата и дека не подготвен да патува во Катар.
Селекторот на Франција, Дидие Дешам, на местото на Кимпембе го повика дефанзивецот на Монако, Аксел Дисаси.
Одлуката, Дешан ја донел претпладнево во тренинг-кампот на националниот тим во Клерфонтејн, откако претходно се консултирал со лекарскиот тим.
Кимпембе од средината на септември одигра само 59 минути, па актуелниот светски првак нема да го гледаме во обидот на „триколорите“ да го одбранат светскиот трон.
Што се однесува до Дисаси, тој беше дел од проширениот ростер на Дешам, но се уште нема ниту еден настап за Франција.