Лионел Меси нема да игра во последното коло од Лига 1 пред паузата за Светското првенство. Француските медиуми откриваат дека Меси побарал од тренерот Кристоф Галтие да го остави надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември.
ПСЖ утре ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и со Оксер на „Паркот на принцовите“.
Тоа значи дека Меси повеќе нема да игра во Париз, туку на преостанатите две гостувања, по што сака да одмори две седмици и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.
Аргентина е во групата Ц, каде што се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија.
Аргентинците го отвора турнирот на 22 ноември против Саудиска Арабија.