Top Sport

Меси: Прва цел е да ја поминеме групата

Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси, во саботата, ги повика сонародниците да внимаваат на очекувањата околу освојувањето на Светското првенство во Катар.

„Ќе се бориме да ја освоиме титулата, но од почетокот не ни е гарантирано дека ќе бидеме шампиони, како што мислат Аргентинците. Грешка е да се размислува за осминафиналето, мора да се размислува за првиот натпревар. Важно е да започнеме добро и да освоиме три натпревари (во групната фаза)“, изјави Меси за „Ол“е.

Аргентина на СП ќе биде посилна за Анхел Ди Марија и Пауло Дибала, кои се опоравија од повредите, но Мундијалот ќе го пропушти Џовани Ло Селсо.

„Ќе поминеме низ тешки моменти, но оваа група фудбалери е подготвена за најлошото. Формирана е кога го загубивме полуфиналето на Копа Америка во 2019 година од Бразил. Оттаму го освои она што го освои“, изјави најдобриот Аргентинец.

Светското првенство започнува на 20. ноември во Катар. Аргентина ќе го започне натпреварувањето во групата Ц против Саудиска Арабија на 22. ноември, четири дена подоцна ќе игра против Мексико, а на 30. ноември против Полска.

Scroll to Top