Top Sport

„Не го носете во Катар, имате тројца подобри од ТТА“

Поранешниот англиски фудбалер Гери Невил, во пресрет на Светското првенство во Катар, упати низа критики кон десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Невил, работи како стручен коментатор на „Скај спорт“ и смета дека Арнолд не треба да биде меѓу играчите кои ќе настапат на Мундијалот.

Герет Саутгејт во следните седум дена ќе треба да го објави конечниот список.

„Тешко е затоа што е неверојатен во нападот, но ние зборуваме за фудбал кој се игра на „испаѓање“. Англија ќе го освои Светското првенство или ќе го загуби само поради еден детаљ, една грешка… А во моментов јас не гледам како Саутгејт може да оди во нокаут-фазата на Светското првенство со Трент Александер-Арнолд во тимот“, рече Невил.

„Сакам да биде најдобар на сите времиња и сигурно има квалитет за тоа, но сега изгледа како играч чии грешки скапо ги плаќа Ливерпул. Постојано греши. Против Тотенхем му простија пенал, но на Светското првенство нема да се случи тоа“.

Невил, кој и самиот е десен бек, верува дека Киран Трипиер, Рис Џејмс и Кајл Вокер треба да имаат предност во листата на Саутгејт.

Александер-Арнолд сезонава одигра 19 натпревари, постигна три гола, интересно се уште нема ниту една асистенција. Минатата сезона тој имаше 19 асистенции.

Scroll to Top