Лошите вести за репрезентацијата на Англија потврда добија и од таборот на Челси. Бен Чилвел, нема да може да настапи на Светското првенство во Катар.
Чилвел се повреди во вторникот, во последната минута од натпреварот со Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
„Поради повредата што ја заработи неодамна на натпреварот против Динамо Загреб, Бен мораше да оди да ја сними задната ложа. Резултатите покажаа дека се здобил со тешка повреда и за жал ќе го пропушти Светското првенство. Бен ќе започне програма за рехабилитација со помош на нашиот лекарски тим“, стои во соопштението на Челси.
Не долго потоа, се огласи и Чилвел.
„По претходната повреда работев напорно за да се осигурам дека ќе бидам подготвен за Светското првенство. Тоа отсекогаш беше мој сон. За жал, тоа нема да биде можно, како што покажаа резултатите од скенирањето. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка“, напиша Чилвел на Твитер.
Отсуството на Чилвел ќе го принуди селекторот на Англија, Герет Саутгејт да разгледа алтернативи за позицијата близу до левата линија.
Рајан Сесењон, Џејмс Џастин, Тајрик Мичел и Рико Хенри се споменуваат како играчи кои можат да влезат во репрезентацијата на местото на Чилвел.