Top Sport

Саутгејт и ФА го одбија барањето на ФИФА за интервјуа на полувремето

Англиската фудбалска асоцијација (ФА), го одби барањето на ФИФА, селекторот Герет Саутгејт да дава изјави за медиумите на полувремето од натпреварите на Светското првенство во Катар.

Како што објави „Спортс мејл“, челниците на ФА, изминатите недели разговарале за ова барање на ФИФА со селекторот Саутгејт, на крајот заклучиле дека интрвју на полувреме ќе значи одземање на време. Саутгејт нагласил дека нагласил дека периодот помеѓу двете полувремиња од натпреварот е време што сака целосно да го помине со своите играчи.

ФИФА врши голем притисок врз сите 32 земји-учеснички да ги прифатат проширените обврски кон радио-дифузерите, но интервјуата на полувремето не се задолжителни.

Според „Спортс мејл“, голем број тренери потврдно одговориле на барањето на ФИФА, меѓу нив е и селекторот на Франција, Дидие Дешамп.

ФА, потврди дека Саутгејт ќе им биде достапен на новинарите од радиодифузерите и носителите на правата пред и по секој натпревар на Англија на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top